Скопје, 7 јуни 2011 год- храм на св.Јован Крстител
Во седмата недела по Пасха кога во Светата Црква се спомнува за Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, во храмот посветен на светителот во населбата Капиштец, во Скопје, старешината на храмот отец Стефчо Беќарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Тропар на Третото наоѓање на Претечевата глава, гл.4 :
Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена во земјата. Затоа, собрани сите во денот на нејзиното наоѓање, со песни богогласни Го воспеваме Спасителот, Кој не спасува од распадливоста со твоите молитви.
По Литургијата-
Посакавме да ја забележиме духовната атмосфера во која се вградува постојано, образовниот центар на идните духовни носители на Преданието на Света Црква- Православниот Богословски факултет „ Св. Климент Охридски“-Скопје, каде денес, забележавме неколку моменти како : одбраната на дипломскиот труд на ѓаконот Васко Голабоски, на тема„СВета Гора Атонска, историја и живот“(за неа дополнително ќе ве информираме), потоа од испитот на студентите на Богословскиот факултет.
Честитки до ѓаконот Васко Голабоски, со желби да ги продолжисвоите научните истражувања, му посака Деканот проф.Ацо Гиревски.
Од полагањето на испитот кај прф. Раомир Гроздановски
Во атмосвера на исчекување - пед кабинетот на прф. Поп Атанасов
Преминпортал
Лето Господово 2011