+ Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината.
Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот.+
На празникот на Вознесение Христово, во македонската православна општина ”.Св.Наум Охридски” во Виена, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужување со о.Стојан одслужи Архиерејска Божествена Литургија.На Литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
Во својата беседа Митрополитот Пимен го објасни на присутните верници значењето на овој голем ден, и го наговести и празникот на предстојната Педесетница од Христовото Воскресение : Слегувањето на Светиот Дух.
Меѓудругото подели благослов на верниците, го пофали црковниот одбор на чело со пр.Д.Лазовски за постигнатите успеси во напредувањето и доградбата на нашата сопствена црква во срцето на Виена. Како круна на прекрасното Христово Вознесение , Митрополитот Пимен-го крсти цедото Пиа Додевска-Лугер .
Благодарноста на верниците на Господа Исуса Христа на љубовта што во изобилие ни ја праќа преку својот епископ неможе со зборови да се опише.
+ Тропар, гл.6 : Се вознесе во слава Христе Боже нас, радост причинувајќи им на учениците, со ветувањето на Светиот Дух
...кои беа уверени со благословот дека Ти си Синот Божји-Избавител на светот. +
Подготви: Антоанета Левковска