Архиепископот Oхридски и Mакедонски г. г. Стефан го прими во својот кабинет ѓаконот Андреј Кураев, еден од најпознатите современи православни теолози, професор на Московската духовна академија. Реномираниот професор о. Андреј Кураев на 1 јини 2011 година во Македонскиот Културен Центар одржа предавање на тема: „Православието во современиот свет“, а на 2 јуни, во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ предавањето беше на тема „Како да Му се свештенослужи на Бога“.
По предавањата, денес гостинот од Русија ќе замине на поклоничко патување по манастирите и црквите во Република Македонија.
Скопје, 3 јуни 2011 год.
Извор: Скопска епархија
2 јуни 2011 г.- Соборен храм
п.п