На ден 13.05.2011 кога црквата Христова го празнува св. Пророк Еремија, Европската епархија на МПЦ го започна 10-тото редовно годишно епархиско собрание. Овогодишен домаќин на собранието беше МПЦО св. Архангел Михаил од Неиве Република Италија под духовно раководство на парохискиот свештеник а воедно и преседател на општината протојереј Михајло Матевски .
Собранието започна со Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот митрополит Европски г. Пимен во сослужение на целото свештенство од Европската Епархија и со присуство на делегати од сите црковни општини и инцијативни одбори од Европската Епархија. За време на Литургијата Митрополитот г. Пимен ги ракопроизведе во протојерејски чин о. Климент Мишањ , кој е парохиски свештеник а воедно и преседател на Црковната Општина св. Прохор Пчински во Пиаченца, Италиа.
По завршувањето на Литургијата и кратка пауза молитвено беше отворено Епархиското собрание. Истото беше отворено од Митрополитот Европски г. Пимен кој искажа пофални зборови за домакините и за постигнатите успеси на нивната Црковна Општина предводена од нивниот духовен пастир, потоа поздравен говор имаше домакинот о. Михаило Матевски, заменикот преседател на епархијата Васко Шопов, архиерејскиот заменик о. Блажо Кожарски, Дон Елиџо а потоа се представија и сите делегати и свештеници пододелно.
На собранието се дискутираше под многу актуелни прашања меѓу кои и организациската и финансиската структуираност на епархијата и активностите кои ги превзема истата за збогатување на духовниот живот на Македонците во дијаспората, беше избран нов Епархиски Управен Одбор, се презентираше идејата за единствена епархиска парохијална книшка.
Во склоп на дневниот ред митрополитот Европски г. Пимен го промовираше новото св. Евангелие со опков кое го препорача на поголемите ЦО а воедно на делегатите им беше представено и препорачано духовното списание Премин.
Собранието заврши со Света Литургија во неделата 15.05.2011 кога црквата го празнува споменот на св. Атанасиј Велики (летен).
Добивајќи архипастирски благослов за мир и напредок, заврши 10-тото по ред Европско епархиско собрание. Следното 11то Епархиско собрание за 2012 ќе се одржи во Малме Шведска.
На многаја лета Владико наш свети!!!!
За премин портал од Неиве - Италиа
протопрезвитера Слободанка Мишањ