логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 095.jpg

Источен Петок – Балаклија

153.jpg

„Кој ќе ги искаже твоите сили, Извору, којшто изобилуваш со неисцрпни чудеса, и правиш бројни и натприродни исцеленија? О величија, што ги излеваш за сите! Не само што исцелуваш неизлечливи болести на оние што ти приоѓаат со љубов, туку и душевни страсти миеш и чистиш, Сенепорочна, давајќи им на сите милост голема“ (Стихира од Вечерната на четвртокот од Светлата седмица)

195.jpg

265.jpg


Во Балаклија, крај Цариград, се наоѓа величествен храм, посветен на Пресвета Богородица, наречен: „Храм на Живоносниот Источник“. Во преданието за подигањето на храмот се вели дека еднаш на тоа место се шетал еден обичен војник по име Лав Маркел. Тој видел еден слеп човек кој не гледал каде оди, па го фатил за рака и го водел. Кога двајцата пристигнале на местото каде што бил изворот, слепиот ожеднел и го молел Лав да му даде вода за пиење. Лав влегол во шумата полна со дрвја и растенија и барал вода, но не можел да најде. Тогаш слушнал глас од небесата, којшто говорел: О Лаве, не губи надеж, бидејќи водата што ја бараш е близу до тебе; врати се и најди ја. Лав се вратил, но и по долго барање не ја нашол. И пак го слушнал истиот глас, кој му рекол: Цару Лаве, влези во внатрешниот дел од густата шума и земи од оваа вода, изгасни ја жедта на слепиот; помази ги неговите слепи очи и веднаш ќе дознаеш Која сум и дека подолго време живеам на ова место. Лав направил како што му рекол гласот и слепиот веднаш прогледал. И како што претскажала Божјата Мајка, за кратко време војникот Лав станал цар и со своите набожни раце над изворот изградил храм, посветен на Пресвета Богородица, а наречен „Живоносен Извор“. Многуте чуда што се случувале во тој храм, го прославиле надалеку. Меѓутоа, по паѓањето на Константинопол под мухамедански јарем, храмот бил разурнат до темели, а шареноликата околина на Живоносниот Источник, била претворена во муслимански гробишта. Светото место останало запустено многу години. Во почетокот на XIX век, граѓаните на Цариград едвај добиле дозвола од султанот, храмот да биде возобновен. Така значи, во 1834 година била изградена голема црква од камен во чест на Пресвета Богородица, на Нејзиниот Живоносен Извор, но оваа градба, секако, е многу поскромна од стариот величествен византиски храм, поради ограничувањата, кои им биле наметнати христијаните од страна на муслиманите. Во овој новоизграден храм и сега, како и порано, тече водата на чудотворниот извор и од секаде привлекува луѓе на поклонение.  Споменот за изворот на Пречистата наша Владичица Богородица – таа којашто е Извор на жива вода и која ни Го излеа Христа – Водата на спасението, не остана без чест во нашиот манстир. Во овој светол Петок, по отслужувањето на Божествената Литургија, беше направена великолепна литија од храмот на Претечата, до агијазмата посветена на Живоносниот Извор на Богомајката, каде што братството, заедно со многуброниот народ, Ѝ упатија благодарствени молитви на Небесната Царица, пеејќи ги радосните пасхални химни. Оттаму, одејќи низ густата шума и градината, раскошната поворка, со крстови, бајраци и икони, се упати кон манастирскиот скит посветен на св. Серафим Саровски, за, на крај, да се врати во манастирскиот двор, во фијалата, кадешто нашиот настојател, старец Партениј, освети вода. Потоа верните, исполнети со голема радост, имаа можност да се поклонат и да ги целиваат светите мошти, кои за оваа пригода беа изложени надвор. Денешната прекрасна слава беше помогната и од сончевото време, што како енклава сред овие врнежливи денови, ни беше испратено од Пресветата Богородица, Која како постојано да се радуваше на литијата спроведена во Нејзина чест. Веднаш по завршетокот на прославата, облаците ја продолжија својата работа, испраќајќи ѝ плодоносен пролетен дожд на земјата. Верни, да затрубиме со песни, да ликуваме, радувајќи се крај вечните води на Живоносниот Извор! Да Ѝ благодариме на Сечистата, Која од Божествениот извор вистинска сладост на изобилна благодат точи и да црпеме со вера од оваа непресушна вода!

 337.jpg

 350.jpg

391.jpg

 453.jpg

 

 473.jpg

 467.jpg  427.jpg

556.jpg

589.jpg

644.jpg

685.jpg

781.jpg  826.jpg

935.jpg

961.jpg

962.jpg

963.jpg

Повеќе:

 

 

ДРУГО:

Патепис од Градината на Богородица

Вселенска, прогресивна и вечна Црква може да почива само на моќен темел како што е монаштвото. Поради тоа, дел од божествениот оган, што Господ го донесе во Ерусалим, Мајката Божја, го постави во факелот на монаштвото. Тоа пак, во Нејзината Градина на гората Атос, повеќе од едно илјадалетие се покажа достојно, неопалено да го држи тој жар што ги гори недостојните.


 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная