Во црквата на св. вмч. Димитриј, Скопје
Во црквата на св. вмч. Димитриј, во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан Спасителот Господ Исус Христос, и беа прочитани Пофални песни над гробот Христов( Статии на Велики Петок).
Денес гробот го држи Оној што со рацете тварта ја држи; камен Го покрива Оној што небесата со добродетел ја покрива; спие Животот, а адот трепери и Адам од оковите се ослободува. Слава и на Твојата промисла, Боже, со која, откако го исполни сиот вечен покој, ни го дарува Твоето сесвето воскресение од мртвите.
Што е ова што го гледам? Какво е ова упокоение? Царот на вековите, Кој со страдањето ја исполни промислата, во гробот саботно се одмора, давајќи ни нова сабота. Нему да му запееме: Воскресни, Боже, и суди и на земјата, зашто Ти царуваш во вековите, Кој имаш неизмерна милост голема.
Дојдете да го видиме нашиот Живот, Кој во гроб лежи, за да ги оживи оние што лежат во гробовите. Дојдете денес да го видиме лавот од Јуда како спие, и пророчки да Му запееме: Кој ќе Те подигне, Цару, Кој лежиш и спиеш како лав? Но воскресни самовласно, Господи, Кој себе се даде за нас доброволно, Слава Ти.
ПОФАЛНИ ПЕСНИ НАД ГРОБОТ ХРИСТОВ
Преминпортал
Лето Господово 2011