логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Божјото Слово (Логос) е Ипостас, Син Божји е, Еден е од Света Троица и преку Него сѐ стана, и без Него ништо не стана што стана (види Јован 1, 3). Ние во потполност се согласуваме со таа вистина, веруваме во неа и подготвени сме животот да си го положиме за неа. Човечкото слово, нормално, не е никаква ипостас, една е од силите и способностите на душата; еднаш кажано, се развејува во етерот и се губи. И, поимајќи го, изгледа, само како такво, очигледно не внимаваме толку како го употребуваме. Така едноставно, наизглед, е само кога се прави разлика меѓу Словото Божјо и словото на нас кои сме според Негов лик и подобие создадени.

Кажано е уште и дека според својот збор (слово) ќе бидеш осуден и според својот збор (слово) ќе бидеш оправдан (види Матеј, 12, 37). Откако оваа вистина ни ја откри воплотеното Слово, работите почнаа да се усложнуваат за нас. Ова Божјо предупредување, од кога веќе ќе го чуеме, нѐ соочува со нашата одговорност за слободната, своеволната употреба на нашето слово и за последиците од изговорениот збор; ќе бидеме осудени или оправдани, односно сами себе ќе си пресудиме, со она што ќе го кажеме или не.

„Секој грев сторен со збор, дело или помисла, Ти како благ и човекољубив, прости“ – Го молиме Богочовекот Христос во молитвата при Светата Тајна Исповед. Значи, постои грев направен и со збор. Различна е тежината на овој грев за оние коишто се наоѓаат на степенот на очистување на своето срце од страстите, од тежината на истиот за оние коишто се наоѓаат на степенот на просветлувањето на умот. Од првите се очекува чистота од гревовни дела, а од вторите – чистота и од гревовни слова. Изреченото гревовно слово од страна на вторите, пред Бог, има тежина на гревовно дело; посебно словото на осудување.

Првите не ја чувствуваат толку тежината на изговорениот збор како вторите, ниту Божјата благодат ги напушта толку за изговорениот гревовен збор како вторите. Нормално, нивното слово и нема тежина како словото на вторите – ниту кон внатре, ниту кон надвор. Сепак, бидејќи постои веќе предупредување, треба да веруваат и да ги имаат предвид последиците од своите изговорени зборови. Особено затоа што доволната чистота на словото е еден од знаците на скорешниот премин од очистувањето на срцето од страстите кон просветлувањето на умот, од умна кон умносрдечна молитва. Кажаново сигурно ќе го сфатат ако погледнат со очите на верата.

Без оглед на степенот на кој сме, треба да знаеме дека нашето слово е во непосредна врска со нашите страсти. Едно е да помислиме на нивно исполнување, а друго е да проговориме за нивно исполнување. Ефектот на помислата во будењето на страстите не е толку голем, колку ефектот на изговорениот збор. Реченото слово, и со  понезабележлива гревовна димензија има нагризувачки ефект; полека, но сигурно – ако не го забележиме и веднаш не се покаеме – го нарушува доброто устројство на нашата душа, додека да нè доведе до пад. Реченото гревовно слово има и повеќекратен ефект, и заради нивото на силата на влијанието кон внатре и заради својата комуникациска димензија: тоа ја буди страста и внатре во нас, ја буди и во оние кои го чуле словото; создава атмосфера на грев и внатре во нас и околу нас.

Многу се, исто така, битни сериозноста на намерата со која е кажано словото, чувствата со кои е кажано, околностите во кои е кажано како и тоа од кого е кажано. Значи, многу е поважна суштината на кажаното слово, отколку неговата форма. На пример, оној што се наоѓа на вториот степен од духовниот развој може да си дозволи и погрубо слово, ако процени дека е тоа за духовно исцеление на оној кон кого е упатено, слово за кое кога некој од страна би чул би го осудил: Не е добро лебот да се зема од децата и да се фрла на кучињата (види Матеј 15, 26). Па, дури и многу погрубо од ова, од скоро секој вид.

Изговореното гревовно слово влијае во разгорувањето и на трите вида на страсти (и на славољубието и на среброљубието и на сластољубието), соодветно на  кажаното. И обратно, нашето слово зависи од видот на страста од која сме заробени. Клучната врска се препознава при осудувањето: од она од коешто сме заробени, за тоа најчесто озборуваме, судиме и осудуваме – од преполнето срце зборува устата (види Лука 6, 45). Осудувањето е и најопасниот вид на злоупотреба на нашето слово. Јавното  осудување на кого било е веќе предзнак за можен пад, а јавното осудување на Епископот на Црквата е знак за сигурен пад. Единствено спасение е навременото покајание за изреченото слово, пројавено во дела.

Осудувањето е најчесто двоен пад: ем сме веднаш осудени и губиме благодат заради самото осудување, заради прекршување на Божјата заповед, ем сигурно ќе паднеме во некоја телесна или душевна неволја – болест или блуд или сиромаштија или бесчестие – за да сфатиме дека сме осудувале. Толку сме станале бесчувствителни и самодоволни што само некоја видлива телесна или душевна неволја може да ни покаже дека сме згрешиле, да нѐ врати на вистинскиот пат, да нѐ врати во смирение и покајание.

Внимавајте да не осудуваме никого, деца, затоа што не се предадовме, не се жртвувавме, не се распнавме ние за живот на светот. Богочовекот Христос се предаде Себеси за живот на светот, за спасение на секој конкретен човек. Па дури ни Он, Кој  единствен го познава срцето на човекот и има право, не осудува никого, туку ние самите себе се осудуваме со нашиот однос кон Неговиот соборен Крст, кон Неговата соборна љубов. Да не озборуваме, да не судиме и да не осудуваме никого затоа што тој грев најмногу нѐ прави подобни на ѓаволот, ѓаволоподобни, и најмногу ја одалечува благодатта на  Светиот Дух од нас. 

Зависта што се раѓа од неоствареното или загрозеното славољубие, повеќе од другите страсти, нѐ прави да озборуваме и осудуваме, нѐ прави да го злоупотребуваме словото кое ни е дадено за вбогоподобување. Секако, и зависта што се раѓа и од неостварување или загрозување на другите страсти предизвикува озборување и осудување. Уште, лошото е што ние заради нашата острастеност и непросветленост, покрај тоа што не ни можеме да расудуваме правилно, не ја правиме ни разликата помеѓу гревот и оној што прави грев, и заедно со гревот го осудуваме и оној што згрешил. Дури, најчесто и заради немањето љубов кон ближниот, ние ги толкуваме како грев неговите дела, или намерата со кои се направени, и така го измислуваме поводот да го осудиме и него. И најлошо е што, не само што ние го осудуваме, туку и сите се трудиме да ги наведеме, и сакаме, да го осудат исто како нас.

Голема е силата на нашиот збор, деца, дури и страшно голема; веќе ја насетувате и од тоа што ви го кажав досега. Тоа е сила што оживува или убива; тоа е меч со две острици. Оживува ако нашиот збор стане бого-словие, а убива ако нашиот збор стане демоно-словие – ако демонот го користи, го позајмува нашиот збор (бидејќи толку му е допуштено во борбата против оние од првиот и посебно од вториот степен) за да го сее и размножува злото во светот. Да внимаваме, да не бидеме инструменти на демонот!

Деца, друго е да ја насетувате силата на нашиот збор или да верувате дека постои под моменталното дејство на моето слово, а друго е истото да ви го открие Божјата благодат. И, друго е времено да ви го открие тоа Божјата благодат, а друго е постојано да ве држи во тоа чувство, во сила. И, друго е обичен грев, а друго е смртен грев. Разликата помеѓу двата вида се крие во погоре напишаното, но за тоа друг пат.

Ние разликуваме во нас слово внатрешно и слово надворешно. Замислете ја сега силата и сведоштвото на нашето слово на секој од степените од духовниот развој или, поточно речено, доколку употребата на нашето слово ја восогласиме со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме. Замислете го невидливиот развој на нашето внатрешно слово: од слово на молитвена самоконтрола или преиспитување, преку слово кое молитвено допира до срцата на ближните, до слово на непрестајна умносрдечна молитва – кое го држи светот во постоење. И замислете го неговиот надворешен, видлив развој: од молчание, преку бого-словие, до слово чудотворно; од слово според ликот, до слово според подобие Божјо.

Да, на почетокот беше Словото, и Словото беше во Бог, и Бог беше Словото (Јован 1, 1). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух! Господи, слава на Тебе!

Митрополит Струмички Наум

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/04/2025 - вторник

 Воскресение Христово (трет ден); Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная