Сабота (3 недела од постот)
Јас не дојдов да ги повикам праведниците на покајание, туку грешниците (Mk.2, 17). Со устата на (старозаветната) Пемудрост ги повикуваше Господ кон Себе безумните. И Смиот, странствувајќи на земјата, ги повикуваше грешниците. Ниту на гордите расудувачи, ниту на своеволните праведници кај Него нема место. Нека се радува умствената и духовната слабост! А силата умствена и дејствителна нека се оддалечи! Сестраната немоќ која е свесна засебе, и која со вера прибегнува кон Господа (како беспомошниот кон докторот и како оскудниот кон Оној кој исполнува сè) станува посилна со умот и духот, продолжувајќи еднакво да го признава сиромаштвото на својот ум и лошиот карактер. Делувајќи во немоќта, под тој привид на неугледност, силата Божја невидливо ја ѕида новата личност, светла со умот и наравта, која во свое време - понекогаш уште овде, а секако таму - ќе стане очигледна за сите. Ете што е скриено од премудрите и разумните, а што се открива само на децата!
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.