Второ недела од постот
Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси (Јн.10, 9). Господ исто вели на друго место: Никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене (Jn.14, 6). И уште еднаш, тоа го потврдува кога вели: "Зашто без Мене не можете да направите ништо (Јн.15, 5). Сето вредно што во себе го има Христијанинот, кој сиот е во Христа, го добива единствено од Христос. Неговото оправдување е од Христос, а неговото тело - исто така, е Христово. Оној кој се спасува, се спасува , поради тоа што е облечен во Христа. Само во таква состојба тој може да пријде на Отецот. Ние отпаднавме од Бога и затоа предизвикавме гнев спрема себе. Судењето според Божјата правда отстапува од нас, и Неговата милост се дава кон нас и не прима, нас кои се приближуваме, само ако Нему му се приближуваме во Христа и со Христос. Печатот Христов се втиснува во целата природа на Христијанинот. Оној што го носи ќе појде среде смртната сенка, и нема да се уплаши од злото.
За да бидеме такви; ние имаме тајни - Крштевање и Причестување, што на грешниците, по крштевањето, делува на покајанието. Сепак, и тоа е од Господа. Во наш удел, пак , спаѓа да во својот дух образуваме погодни расположенија за нивното примање - верата, која исповеда: "Јас пропаднав , но се спасувам само во Господа Исуса Христса", љубовта, која ревнува се да му посвети на Господа; ништо не штедејќи; надежта, која не се надева на себе си, но е убедена дека нема да биде оставена од Господа, очекувајќи секаква помош од Него, било внатрешна или надворешна, во текот на целиот свој живот, се додека човекот не биде земен таму каде што е и Тој самиот.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.