Скопје, 18 март 2011 год. - манастирска црква на св. вмч.Георгиј, Криви Дол
На 18. 03. 2011 година, по Божествената Литургија, во Втората недела од Великиот пост, во манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во Криви Дол , се отслужи мало повечерие со канон и Акатист на Пресвета Богородица.На певницата псалтите од храм на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Преминпортал
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“