Службата „Пасија“
Во Неделата на Православието, вечерта, во Рускиот Богородичен Храм во Чикаго се отслужи посебна Великопосна Богослужба наречена „Пасија“.
Зборот „пасија“ доаѓа од латинскиот "passio", што значи страдање. Така се нарекуваат овие посебни служби кои се служат во време на Великиот Пост. Називот дошол оттаму што службите се составени од песнопенија на Страсната Седмица, читања на Евангелските глави за страдањата Христови, а порано се служел и Акатист на Страдањата Господови.
Службата Пасија започнува со Воскресна Вечерна, а потоа преминува во Великопосна (одеждите се менуваат во црно) слично на Неделата на проштевање. На крајот на Вечерната, се поставува Светото Евангелие пред Распјатието кое е поставено на средината на Храмот, и се читаат Евангелски глави за Страдањата Христови. Како што беше и претходно спомнато, песнопенијата што му претходат на читањето Евангелие, се земаат од Страсната Седмица ( „Тебе, Кој се облекуваш со светлина како со облека“, „Денес Јуда“, „Пријдете да го ублажиме Јосифа“...итн).
Извор: http://holyvirginprotection.org
Подготви: С.Л.