Скопје, 11.03.2011 год. - храмот на св. Петка
На 11 март 2011 година на вечерната богослужба, во петок од првата недела на Великиот пост, во храмот на св.Петка , се отслужи канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На певницата псалтите од храм на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Со изнесувањето на чудотворната икона на Пресвета Богородица, отпочна службата на Ататистот.
Кондак, глас 8.
Тебе, Богородице, поборнице, војвотко, ние твоите слуги, од злото избавени, победна и благодарствена песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива, од секави неволи ослободи не, за да ти викаме: Радуј се, Невесто неневесна!
„Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Преминпортал
Лето Господово 2011