Четврток
Бој се од Бога и оддалечувај се од секое зло (Прич.3, 7). Врв на твојата побожност нека се состои во зацврстувањето на стравот Божји и вкоренување на тврда намера да се тргаш од секое зло, дури и ако тоа те чини животот. Немој само да се задоволуваш со насворешниот изглед на побожност, туку грижи се и за внатрешниот: влези во себе и гледај го начинот на своето размислување, т.е.. дали се согласува со нелажните зборови Божји; погледни на своите склоности и расположенија, т.е. дали се онакви какви од тебе ги очекува Господ во Евангелието; погледни на целиот свој живот, т.е. дали во се е согласен со заповедите Божји. И тогаш сето богопротивно исплачи го и замрзни го, одлучувајќи повеќе да не се враќаш. Правејќи го тоа - ќе бидеш премудар.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.