Скопје, 26 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
На 26 фвруари 2011 година, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква го празнува споменот на во преподобен Мартинијан, и светите Зоа и Фотинијахрамот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се тслужи Божествена Литургија. На Литургијта верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата се изврши помен за упокоените чеда Божји.
... Треба да се има вера: Да не се тагува прекумерно и да не се заборава она сфаќање за смртта и умрените кои ни го дава христијанството. Умрела!.. Не умрела таа, умрело телото, а таа е жива – живее како и ние, само во друг начин на постоење. Таа и кај вас доаѓа и ве набљудува. Чудно е тоа што вие плачете и кукате, зашто нејзе сега ù е подобро. Тој начин на постоење е повозвишен од нашиот. Кога таа би се појавила и кога би ја прашале дали сака би сакала да се врати во телото, за ништо на светот не би се согласила на тоа. Зошто да бидете во такво несогласување со неа? Зошто би го сакале она што таа го нејќе? Каква ќе биде таа љубов?
Оние кои отишле, се движат брзо како мисла. (Св.Теофан Затворник)
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго: