Вторник
Со какво воодушевување свети Петар тврдеше дека нема да се откаже од Господ. Но, кога дојде до тоа одлучноста да се покаже на дело, тој се откажа од Него, и тоа три пати. Таква е нашата слабост! Ќе победи само оној кој не верува во себе си, но сета надеж да бја полага во Господ и оди меѓу своите непријатели. Таквиот пад на така значајна личност и беше дозволена за да никој не се обиде да направи нешто добро исклучиво надевајќи се само на себе си, или верувајќи дека самиот може да го победи дали надворешниот или внатрешниот непријател. Се разбира, во надеж во Господ, не треба да се олабават сопствените раце. Помош од Господ доаѓа кога ние ќе покажеме напор. Здружувајќи се со неа, напорот на нашите дела ги прави успешни . Ако го нема напор, ни помошта Божја нема со што да се здружи,и та и не доаѓа. Помошта нема да дојде ни тогаш кога во тебе е присутна надевањето во себе си, бидејќи немаш потреба од неа.. Како таа може да се придодаде, таму каде ја сметаат за излишна?! Во таков случај таа и нема со што да се прифати. Таа, инаку, се прифаќа со срцето. А срцето се отвора за нејзиното прифаќање со чувството за потреба. Така потребно е и едното и другото.Господе, помогни! Но и ти самиот не лeжи.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.