Почитувани верни чеда на Македонската православна црква,
Ве известуваме дека на 20. 02. 2011 година (недела) ќе се изврши преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На денот на осветувањето со почеток во 08, 30 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужние на надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел и други членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква, а во предвечерјето на овој настан (сабота) со почеток во 17 часот ќе се отслужи Вечерна Богослужба и ќе биде организирана пригодна програма по повод преосветувањето.
По тој повод, Ве покануваме сите жители на градот Велес и сите верни чеда на Македонската православна црква со вашето присуство да ја збогатите радоста на овој свет чин.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content&task=view&id=1018&Itemid=68