Скопје, 16 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
На 16 фвруари 2011 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога Црквата го празнува споменот на Свети Симеон Богопримец; Светите маченици Адријан и Евул;, во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 49)
Во она време се приближи Исус до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Елеонската Гора, па испрати двајца од учениците, и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! И, ако ви рече некој: ,3ошто го правите тоа?’ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.“ Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата однадвор, на раскрсницата и го одврзаа. И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате?“ А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. И го доведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои и Он седна на него. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А оние што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е, Кој иде во името Господово! Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана во висините!“