Скопје, 14 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
На 14 фвруари 2011 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога Црквата го празнува споменот на светиот маченик Трифун, и светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Светата Литургија свештениците во храмот извршија мал Водосвет.
Тропар на св. Трифун:
Маченикот твој Господи, Трифун, со своето страдање прими нетленен венец од Тебе нашиот Бог. Имајќи ја Твојата сила, мачителите ги победи и ја сокруши смелоста на демоните. По неговите молитви спаси ги душите наши.
Преминпортал
Лето Господово 2011