Скопје, 13 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
На 13-ти февруари 2011 година, кога Црквата го празнува споменот на светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци, и светата маченичка Трифена во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 63)
Во она време кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши шишенцето, го изли мирото врз главата Негова. А некои негодуваа во себе и говореа: „3ошто мирото да се растура така? Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста динарии, и да се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа. Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело за Мене. Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш. Тоа што можеше, таа го направи: испревари да го помаже телото Мое за погребение. Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“
Пеминпортал
Лето Господово 2011