Скопје, 11 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 61)
Рече Господ на Своите ученици: „Во тие дни, по жалоста, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите небески ќе попаѓаат, и силите, што се на небото, ќе попуштат. И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема слава и сила. И Он тогаш ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото. Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладат и пуштат лисја, знаете дека е близу летото. Па така и вие, кога ќе го видите сето тоа да станува, знајте дека е близу, пред врата! Вистина ви велам: нема да помине овој род, дури сето тоа не се исполни.“
На 11-ти февруари 2011 година, на Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј; Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј, во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука:
Старец Паисиј Светогорец
Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.