Скопје, 04 февруари 2011 год.- храмот на св. Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 56)
Во она време пристапи кон Исус еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат садукеите со Него и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“ А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ,Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!’ Тоа е првата заповед. А втората е слична на неа: ,Возљуби го својот ближен како себеси!’ Друга заповед, поголема од овие, нема. Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него; и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.“ Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ Потоа никој веќе не смееше да Го праша. И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: „Како зборуваат книжниците дека Христос е син Давидов? Сам, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: ,Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, дури не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои!’ И така, сам Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Он син’?“ И многу народ Го слушаше со сладост.
На 4-ти февруари 2011 година, на празникот на Светиот апостол Тимотеј, преподобниот маченик Анастасиј во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Мал водосвет
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј Светогорец
Не би требало да испитуваме дали огорчувањето е праведно или е неправедно, од љубов или од злоба. Дали сме виновни или воопшто не сме. Но, духовната добивка што ни ја причинува секоја неправда треба да ја примаме радосно, да им бидеме благодарни на оние што ни нанесуваат неправда и постојано да Го славиме Бог.