Скопје, 3 февруари 2011 год.- манастирски храм на св. вмч. Георгиј , К.Дол
Во 36-тата недела по Педесетница, на празникот на преподобен Максим Исповедник; Блажениот Максим Грк, светиот маченик Неофит, во манастриската црква посветена на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 55)
Во она време, дојдоа при Исуса и садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, говорејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: ,Ако некому умре братот и остави жена, а деца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си.’ Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород. Неа ја зеде вториот брат, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот. Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената. При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе биде жена? Оти седуммина ја имаа како жена.“ А Исус им одговори и рече: „3ар не се лажете, бидејќи не ги познавате ни Писмата, ниту силата Божја? Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а се како ангели на небесата. А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгата на Мојсеја, како му рече Бог при капината: ,Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Јаковов’? Но Он не е Бог на мртвите, а Бог на живите. Вие, пак, многу се лажете.“
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј Светогорец
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство.