Скопје, 31 јануари 2011 год.- храмот на св. Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 88)
Рече Господ во приказна: „Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ,3аштити ме од мојот противник!’ Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ,Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги заштити набргу.
Тропар, глас4.
Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај ја, но со нивните молитви нашиот ѓивот во мир упати го.
На 31 јануари 2011 година, на празникот на свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, и свети Максим, архиепископ Влахозадпланински; во храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Поука
Старец Паисиј Светогорец
Гордоста многу ја попречува благодатта Божја, а гордата помисла ги расипува и нашите добородетели, како што и птичјиот измет кога ќе падне во пржени јајца, заедно со тавата се само за фрлање. Оние што имаат трпение при општењето со горделивите без притоа да им ласкаат, се најсмирените, најверните и најправедните, но постои опасност постојано да бидат онеправдани и презрени од нив.