Во Македонската Православна Црковна Општина Св. Злата Мегленска, Загреб, во чест на Христовото Рождество, парохискиот свештеник протоереј Кирко Велински, отслужи Божествена Литургија.
На Литургијата присаствуваше амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Неговата Екселенција г. Данчо Марковски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.com.mk/images/Stoni.zaBozik
„Несместливиот, во Чиишто прегратки почива сѐ што е создадено, денес, сместен во тело почива во прегратките на Својата Пресвета Мајка. Не со промена на местото, зашто е насекаде присутен, туку по снисхождение Божјо, зашто е Един Човекољубец, дојде кон Отецот да нѐ приведе и да нѐ принесе – всушност, најпрвин лично со Него да заедничариме, да Го љубиме и да Го познаеме, а во Него и нашиот Небесен Отец. Останувајќи совршен Бог, Единородниот Син Божји стана и Совршен Човек и поистоветувајќи се на тој начин со секого од нас, ја натовари врз Себе секоја наша тага, темнина, болка, страдание, осаменост, безнадежност и смрт.
Сиот Негов живот меѓу нас земјанородните беше едно смирено и неизглаголливо страдање, чиишто размери за нас, како создадени, ќе останат засекогаш неодгатнати. Дојде како Богочовек, чинејќи нѐ лични сопственици и причесници на плодовите од за нас спасителното општење на својствата на Божјата и Човековата природа во Неговата Ипостас.“
(Митрополит Наум, Слово од Елеуса)
Од Загреб: Стојанка Тежак