Тропар на Софрониј, патријарх Ерусалимски, Глас 8.
Витлееме, подготви се; јасли добро украсете се; пештеро прими ја Вистината која дојде!Сенката помина, и Бог им се јавина луѓето од Дева, откако го прими нашиот образ и го обожи телото.Затоа, Адам се обновува, викајќи со Ева: На земјата се јави добрата волја, за да го спаси нашиот род.
Глас 3.
Сега тајно ќе се исполни прпрочкото претскажување; И ти Витлееме, земјо Јудина, никако нема да се наречеш помал од војводствата (Јудини), подготвувајќи ја пештерата; оти од тебе ќе излезе Водач на народите, во тело, од Дева Отроковица, Христос Бог, Кој ќе го пасе Својот народ - новиот Израил! Сите заедно да го прославиме Неговото Величие.