23 декември 2010 - Скопје, храмот на св.Петка
Старец Софрониј
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме!
о 31 та недела по Педесетница, на празникот на Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф, со храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 104)
Во она време, кога некои говореа на Исуса за храмот, дека е украсен со убави камења и ветени дарови, Он им рече: „Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.“ И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот, дека ќе стане тоа?“ Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство; а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото. А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте - дека се приближило неговото запустување. Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него, зашто тоа се дните на одмазда, за да се изврши сè што е напишано. Но тешко на бремените и доилките во тие дни: зашто голема мака ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ; и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сè додека не се свршат времињата на незнабошците.
Преминпортал
Лето Господово 2010