22 декември 2010 - Скопје, Храмот на св.Петка
о 31 та недела по Педесетница, на празникот на Зачнувањето на Света Ана, преподобен Стефан Новосјаен, со храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот! Обидете се никогаш да не го обвинувате ближниот, туку помолете се за него! Кога некого осудуваме за неговите мани, тоа значи дека не ги гледаме нашите! Во состојба на нашиот пад, ние не сме способни точно да му судиме на нашиот брат. Не бидете толку сигурни дека вашиот брат греши! Не му судете!
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 106)
Рече Господ на Своите ученици: чувајте се од луѓето; ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи вe во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име. И тоа ќе ви биде вам за сведоштво. И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате, зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на кои не ќе можат да им противречат ниту да им се противстават сите ваши противници. Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа, и од роднини и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени; и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име. Но, ни влакно од главата ваша нема да загине; со трпение спасувајте си ги душите.
Преминпортал
Лето Господово 2010