На 18.12.2010 година, со Света Божествена Литургија во Соборниот храм “Св. В-мч. Димитриј" во Битола, започна чествувањето на празникот посветен на Св. Нектариј Битолски. Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, заедно со свештенството, ѓаконството и верниот народ од Битола, по Божествената Литургија, чествувањето на празникот го продолжија со торжествена Литија, со моштите на св. Агатангел Битолски по улиците во централното градско подрачје. По Литијата, кивотот беше поставен во Соборниот храм, а голем број верници на Светителот му оддадоа почит, со големи поклони и целив. Прославата по повод патронот на град Битола, продолжи на градскиот плоштад со пригодна свеченост.
На 19.12.2010 година, (Св. Никола Мирликиски) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Г. Патар, благоволи да отслужи Празнична Божествена Литургија во храмот “Св. Никола“ во Крушево, а потоа чествувањето на празникот продолжи на Градскиот плоштад, каде што голем број на прилепчани се собраа да му оддадат почит на својот Патрон и Закрилник на град Прилеп.
За Преминпортал од Прилеп: Весна Апостоловска