о 30 тата недела по Педесетница, на празникот на Свети Сава Осветен; Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните Карион и Захарија, со храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 101)
Во она време, првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Исуса, но се плашеа од народот; оти разбраа дека за нив ја кажа оваа парабола. И следејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се претставуваа за праведни, за да Го фатат во некој збор и да Го предадат на поглаварите и на власта управникова. И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право говориш и учиш, и не гледаш кој што е, туку вистински поучуваш за патот Божји; позволено ли е да даваме данок на кесарот или не?“ А Он го разбра нивното лукавство и им рече: „Што Ме искушувате? Покажете Ми еден динариј: Чиј образ и натпис има?“ Тие одговорија: „Кесарев.“ Па им рече: „Дајте го кесаревото на кесарот, а Божјото на Бога!“
Преминпортал
Лето Господово 2010