12 декември 2010 год.- На празникот на Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него; Преподобен Акакиј Синајски
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 51)
Рече Господ на Своите ученици: „Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.“ Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.“
На 12 декември 2010 година, во 28-та недела по Педесетница, на празникот на Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него; Преподобен Акакиј Синајски, во храмот на Светото Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, отец Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата псалтот Горан принесуваше молитви кон Бога.
Преминпортал
Лето Господово 2010