Манастирската црква посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, во Скопје
Тропар, глас 4.
Со добар подвиг и со вера се подвизуваше, Христов страдалецу, и нечестивоста на мачителот ја изобличи и, како жртва благопријатна, Му се принесе на Бога. Затоа прими венец на победа, и со твоите молитви, светителу, на сите им даваш прошка на гревовите.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 90)
Во она време донесуваа при Исуса и младенци, за да се допре до нив; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. Но Исус, кога ги повика, им рече: „Оставете ги децата да доаѓаат при Мене, и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо! Вистина ви велам: кој не го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него.“ Оние, што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ А Он одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.“ Петар, пак, рече: „Ете, ние оставивме сè и врвиме по Тебе.“ Он им рече: „Вистина ви велам, дека нема ниеден, што оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо, а да не добил многу повеќе, од тоа уште сега, во ова време, а во идниот век - и живот вечен.“
Преминпортал
Лето Господово2010