29 ноември 2010 год.-храмот на св.Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 53)
Во она време, еден законик пристапи кон Исуса и, искушувајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?“ А Он му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!“ Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.“ Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: „А кој е мојот ближен?“ Исус му одговори и рече: „Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, си замина. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде. Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ,Припази го; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.’ Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?“ А тој одговори: „Оној што му направи милост.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
Старец Софрониј
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).
о 28-тата недела по Педесетница, на празникот на Светиот апостол и евангелист Матеј , во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово2010