Манастир на св. Никола, с.Љубанци (скопско)
28 ноември 2010 год.- На празникот на светите маченици Гуриј, Самон и Авив
о 27-тата недела по Педесетница, на празникот на светите маченици Гуриј, Самон и Авив , во манастирската црква на св.Никола, во с.Љубанци во Скопска Црна Гора, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 46)
Во она време кога слезе Исус од гората, Го пресретна многу народ. И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син! Оти ми е единец! Го прифаќа дух и тој наеднаш вриска; го крши силно, така што пена му се појавува; и кога ќе го измачи, одвај го напушта. Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.“ Одговори Исус и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го синот твој тука!“ И додека тој уште приоѓаше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му заповеда на нечистиот дух, и го излекува момчето, и го предаде на татка му. И сите се чудеа на величината Божја.
Ако навистина сакаме да бидеме Негови ученици, не само со зборови туку и со дела, тогаш треба, како што и Тој, нашиот Водач, се искачи на крстот, истото и ние да го направиме. Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе својот крст и нека врви по Мене“ (Мат. 16, 2).
Преминпортал
Лето Господово 2010