На денот на прославувањето на Соборот на светиот Архангел Михаил, Неговото Блаженство, г.г.Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на светиот Архистратиг Михаил во скопската населба Автокоманда. На Литургијата Архиепископот го ракоположи во ѓаконски чин дипломираниот богослов Јане Илиев. Архиепископот, исто така, благоволи да го ракопроизведе во чин чтец завршениот богослов Драган Иванов. По завршувањето на светата литургија Архиепископот и присутното свештенство го благословија славскиот колач.
Извор: