Скопје, 19.11.2010 год.-Храмот на св.вмч Димитриј
Свети Исаак Сирин
Кој е просветлен во своите мисли? Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила за низ неа да не навлезе во него копнежот за овој живот и му го покраде целото богатство.
На 19 ноември 2010 година, во 26-тата недела по Педесетница, на празникот на Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски, и Преподобен Варлам Хутински, во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје, отец Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестија со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 62)
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци; со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници. Затоа и Божјата премудрост рече: ,Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат’; за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; од крвта на Авела па сè до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат, им попречивте.“ А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи; Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.
Преминпортал
Лето Господово 2010