16 ноември 2010 год.-храмот на св.Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 59)
Во она време на народот, што се собираше, почна Исус да му зборува: „Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше знак за Ниневијците, така и Синот Човечки ќе биде за овој род. Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе ги осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона. И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона. Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
о 26-тата недела по Педесетница, на празникот на светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски, и светиот великомаченик Георгиј, во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Исаак Сирин
Овој живот ни е даден за покајание. Да не го трошиме непотребно за други нешта.
Преминпортал
Лето Господово 2010