Зографот Кирил Златанов отвори своја веб страница преку која можете да контактирате со него и да се запознаете со неговите дела.
зограф Кирил Златанов
http://kirilzlatanov.webs.com/
Кирил Златанов е роден 1963 година. Живее и работи во Скопје. Со иконопис професионално се занимава од1989 година.
Иконите ги изработува во техника јајчана темпера на дрво со позлата, исклучиво по порачка.
Цената на иконите се одредува според димензиите и според бројноста на светителите кои ќе се изобразат (портрет или сцена).
Иконите и фреските ги изработува следејќи ги корените на македонското црковно сликарство, угледувајќи се на старите македонски зографи, нивниот црковен живот и нивната дисциплина (подвиг), православната теологија која ја исповедале и ја проповедаат со своите дела.
Преку својот иконопис се труди да го продолжи творештвото на оваа вечно современа уметност, не како манир или тренд, туку како жива и непрекината црковна традиција.
Фотиј Кондоглу - Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, со сиромаштво изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот Завет се едноставни и краткоречиви, така и православниот иконопис е едноставен, без непотребни украси и суетна разметливост.
Извор: Лични страници
Друго: