Владимир Лоски
Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен. Без духот, срцето е слепо, лишено од управување. Затоа е потребно да се најде хармоничен однос меѓу духот и срцето, за да се организира, да се гради личноста во благодатта, бидејќи патот на единството не е бесвесен процес. Тој пат претставува постојана будност на духот, непрестаен напор на волјата.
о 24-та недела по Педесетница, на Светите маченици Маркијан и Мартириј; Светиот маченик Анастасиј; Света Тавита; , во манастирската црква посветен на свети великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36)
Во она време влезе Исус во Капернаум. Слугата на еден стотник беше тешко болен, на умирање; а многу го сакаше. Па како чу за Исуса, ги прати при Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го излекува слугата негов. А тие, штом дојдоа при Исуса, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, оти го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои при Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; затоа и сам себе не се најдов достоен да дојдам при Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; оти и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ,Оди!’ - и тој оди; на другиот: ,Дојди!’ - и тој доаѓа; и на слугата свој: ,Направи тоа!’ - и тој прави.“ Штом го чу тоа, Исус се зачуди и кога се заврти кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израилот не најдов толку голема вера!“ Испратените кога се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.