Тропар, глас 4.
Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоетодоаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј не, и од секакво зло избави не, молејќи Го твојот Син нашиот Бог, да ги спаси душите наши.
Свети Григориј Палама
Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.
Скопје, 14 отомври 2010 год.- Храмот на св. Петка, на празникот на
На 14 октомври 2010 година, во 21-та недела по Педесетница, на празникот на Покровот на Пресвета Богородица; Преподобен Роман Слаткопоец; Преподобен Јован Кукузел, во храмот на св.Петка но населбата Црниче, во Скопје,се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 21)
Во она време пристапија фарисеите кон Исуса и Му рекоа: „3ошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ Он им рече: „3ар можете да ги натерате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат.“ Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа од нова облека; оти и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа. И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат; но ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се запази и едното и другото. И никој, откако пил старо вино, нема да побара ново; оти вели: ,Старото е подобро.’“
Преминпортал
Лето Господово 2010