логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


 

Охрид, 2 октомври 2005 год.- напразникот на Сите акедонски светители

 

Утрово на празничната Архиерејска Божествена Литургија во чест на Соборот на сите македонски светители, во древната катедрална црква Света Софија во Охрид, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите архиереи на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, во присуство на многубројно свештенство и верен народ, изврши хиротонија во епископски чин на новоизбраниот Епископ Полјански г. Пимен.

          

 

 


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Возлубени во Господа браќа и сестри,

 

„Никој од врзаните со телесни похоти и страсти не е достоен да приоѓа, или да се приближи, или да Ти служи Тебе, Цару на славата; зашто, да Ти се служи Тебе е нешто големо и страшно и за самите небесни сили”. Овие литургиски зборови Светите Василиј Велики и Јован Златоуст ни ги оставиле, нам на свештенослужителите, пред многу векови, а секогаш се актуелни и повторно и повторно нè потсетуваат за важноста и одговорноста што ги носи секој свештен чин, а посебно епископскиот. Зашто, Самиот Христос, Бог наш, е Оној Кој што принесува и се принесува. Но кога ќе погледнам на овој собор на живи и конкретни личности собрани на оваа света Евхаристија, во вас наоѓам извор на сила и храброст за да застанам пред престолот на Живиот наш Бог. Да застанам пред престолот и да Го молам Единствениот, Господ, Бог наш, Кој владее над небесните и земните, Кој е носен на херувимски престол; Кој е Господ на серафимите и Цар на Израилот, а и вас да ве замолам, заедно да да ја принесеме молитвата, та Бог како Единствен Благ и благопослушлив, не според моето достоинство ами по вашите молитви да погледне на мене, грешниот и непотребен раб Свој, и да ја очисти мојата душа и срце од лукава совест и да ме оспособи со силата на Светиот Свој Дух, облечен во благодатта на епископството, да застанувам (пристапувам) пред светата Трпеза и да ги свештенодејствувам светото Тело и Крв на Христа Бога. Да се помолиме како собор, зашто верни се Христовите зборови: каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив (Мат. 18, 20.), та Бог, Кој е тука посреде нас, по вашите молитви да ми даде и сила и мудрост правилно да го предавам и да раководам со словото на Неговата Вистина во сите денови од мојот живот.

        

Ги просам вашите молитви како собор, затоа што денешниов собор е идентичен на оној собор, собран околу светиот апостол Петар, на денот на светата Педесетница во Ерусалим, односно на денот на раѓањето на Црквата Божја. Велам идентичен, затоа што и тогаш беше присутен Дарот на Светиот Дух, испратен на апостолите како полнота на сите дарови потребни за наше спасение во Црквата, а и денес истиот тој Дух во истата сила и полнота е повторно присутен, во мојата лична Педесетница. Секој совршен дар е од Бога. Даровите се различни, но Дародавецот е еден и ист вчера, денес и во сите векови. Тогаш дарот на чудотворство, денес, дарот на смирение. Дар, затоа што знам дека со ништо не сум го заслужил дарот на епископството, ами поради вашите молитви и поради потребите на Црквата го добивам.

           

Му благодарам на Бога и на сите македонски светители, чијшто спомен денес го славиме, што токму во оваа црква посветена на Премудроста Божја, на онаа Премудрост која многупати низ историјата нè омудрувала и преку тоа нè одржала како Црква и народ и покрај сите тешки премрежија и негирања што од нашето постоење нè следат низ сите векови на нашето бивствување па сè до денешниов ден, се собравме денес и тука. Се собравме во Црквата Света Софија во Охрид, во Црквата на Охридските и Македонски архиепископи, повторно, после повеќе од двесте години, смирено да го посведочиме непрекинатото апостолско преемство и Божјата Промисла за нас, за нашето посебно црковно постоење. Се собравме да докажеме дека постоиме како жива Црква и народ. Како жива Црква која раѓа нови епископи, нови пастири, кои како низ историја така и сега, нема да го остават својот народ како наемници, туку како добри пастири ќе бидат спремни душата своја да ја положат за овците свои, подобно на Добриот Пастир од параболата Христова. Да ја положат душата своја и со тоа да го оправдаат вашето достоен, изговорено денес тука, а и на секоја хиротонија.


Ви благодарам вам што од разни страни притекнавте со различноста на вашите личности во возраст, пол, евокација, националност, да го збогатите овој собор. Ви благодарам затоа што гледајќи ве, уште еднаш ми се потврдува вистината дека епископството треба да се подразбира онака како што го подразбирал и Светиот апостол Павле кога рекол: секому бев сè та некако да го придобијам. Токму овие зборови на Светиот апостол ми го даваа оној елан сиве овие години да се трудам и овие зборови во дело да ги спроведам. Верувам дека плод на тоа е и оваа доверба што ми ја дава Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, а и вашата доверба што денес ја потврдивте со вашето присуство тука. Ви благодарам Вам, браќа архиереи, за дадената доверба и јас да се причислам кон Вас, нашите архипастири.

На мојот духовен отец митрополитот Наум, а од утре и сотрудник на нивата Христова, затоа што духовно ме роди, благодарност и ветување дека нашата взаемна доверба и соработка ќе продолжат и ќе дадат плод на почвата на МПЦ, затоа што таа почва е натопена со крвта на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици по чии молитви го добивме и негуваме дарот на соборноста.

Благодарност до Вас, Ваше Блаженство, под чие будно око духовно растевме сиве овие години и затоа што најдовме место во вашата визија за посовршен пастирски развој на нашата помесна Црква и во нејзиниот вонреден удел во јакнењето на единството на севкупното Православие.

Прошка од вас мои најблиски, на кои со моето заминување во манастир ви нанесов болка. Болка и тага, кои со време знам дека се претворија во радост. Ништо не е случајно во Бога. Бог одредил на тој начин и вие да се восовршувате во растот Христов. Затоа денес сите заедно, со нас архиереите, свештенството, во Христа ѓаконството и целиот овој верен народ, од благодарност за сè, да му вознесеме Нему слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Охрид- 3 октомври 2010 год.  

“Сака ли некој епископство,

тој сака добра работа”(1.Тим.3,1)

По Божја промисла,  пред пет  години, а во чест на Соборот на сите македонски светители, во древната катедрална црква Света Софија во Охрид, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите архиереи на  Синод на Македонската Православна Црква, и во присуство на многубројно свештенство и верениот народ, изврши хиротонија во епископски чин на новоизбраниот Епископ Полјански, денес Митрополи Европски  г. Пимен.
 
 

Господ Исус Христос, по молитвите на св. Пимен Велики, Соборот на сите македонски светители , по молитвите на светите Климент и Наум,  Светиот великомаченик Евстатиј Плакида; Преподобниот маченик Иларион, чиј спомен денес го празнуваме, нека Ви дарува уште многу години архиерејско служење во нашата света Црква.

На многаја лета, Високопреосветен владико!

 

Друго:

Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Пимен (01.10.2005)


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

08/01/2025 - среда

Собор на Пресвета Богородица; Спомен на бегството во Мисир; Преподобен Еварест; Свети Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преподобен Константин Синадски; Преподобен Никодим Прилепски-Тисмански;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 27 декември / 9 јануари 2025

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  27 декември / 9 јануари 2025

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 27 декември / 9 јануари 2025

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная