логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


toshe12.jpg

† Стефан
Архиепископ Охридски и Македонски


ЖИВОТ ЗА БОГА И ЛУЃЕТО 

 Нажалено семејство, роднини, колеги и пријатели, соседи и сограѓани, и сите вие што дојдовте од сите страни на Македонија и на Балканот и сите почитувачи на Тоше,
 

Еве не пак во Крушево, на Гумење - на местото каде што пред 40 дена се простивме од Тоше - од неизмерно саканиот и почитуван од сите, од момчето - пејач со ангелски глас и со благочестива душа. Дојдовме на местото на солзите и воздишките и во градот на македонската тага - некогашната поилинденска и сегашнава по Тоше.
 toshe13.jpgПо учењето на Светата Црква, во 40-те дена по смртта, особено е потребно постојано да се молиме за упокоените, зашто токму во тој период душата на секој починат ја следат посебни испитанија.
 Утрово, во храмот <Света Богородица" отслуживме света Литургија и парастос за покој на душата на Тоше. Му се помоливме на Севишниот и Сезнајниот Господ да ја насели неговата благородна душа меѓу праведниците. А на Тоше, веруваме - таму му е местото! Човекот, кој додека беше жив, живееше со Бога и за Бога, тој со Бога е и по своето упокојување. - <Блазе си му на праведникот зашто ги има плодовите од своите дела" (Иса. 3, 10), ни посведочува пророкот Исаија. А Тоше има многу дела и многу плодови! Тој живееше со Господа и оправдано го заслужи венецот на животот (сп: Откр. 2, 10) и местото меѓу праведниците.
 Возљубени,
 Ова што се случуваше во изминативе 40 дена, меѓу сите генерации на Балканот, па и пошироко, е потврда за тоа кој беше и, особено, каков беше Тоше. Од моментот кога се слушна трагичната вест и во сите овие 40 дена во солзи и воздишки по Тоше е цела Македонија: по него плачеа и сите што го познаваа или што слушнале за него. Да се потсетите: при неговото погребение како да имаше покоен во секој наш дом! Смртта на Тоше внесе неизмерна тага и жал во душите на илјадници почитувачи на неговиот глас и на неговите добрини. За жал, требаше да се случи тоа што се случи, за да разбереме: и во државата, и во Црквата, и во Крушево, и меѓу младите и меѓу возрасните - да разбереме насекаде и сите - кого сме имале!
 А Тоше во многу, дури и во с#, беше исклучителен, беше редок: и како пејач - со вонредни уметнички квалитети, и како личност - со ретко добротворство. Тој ги освои луѓето и со гласот и со својата човечност! - Колку само човекољубие и богољубие, колку хуманост, радост и оптимизам ширеше со неговата интерпре¬тација. Колку испеал и особено за кого с# пеел и за какви цели во овие негови десетина уметнички години?! Затоа, и не е чудно што во сите овие 40 дена не пресушија солзите, не згаснаа свеќите и не овенаа цвеќињата на неговиот гроб. Секојдневно, кон Крушево и од Крушево, во колони доаѓаа и се враќаа оние што сакаа од близу да му оддадат почит.
 Еве, и денес, овде дојдените, како и оние што се спречени и не се во можност да дојдат - сите сме со саканиот Тоше! А тој тоа го заслужи: со љубовта што ја имаше за сите, со хуманоста со која им помагаше на многумина, со еден збор - со сето свое дело Тоше го заслужува тоа. Со тие украси на својата личност, тој си изгради споменик: со песната и дарбата од Бога, пред луѓето, а со верата и делата - манастирот <Свето Преображение" - пред Господа! За него и на овој ден и на ова место ќе речеме дека за трудот свој заслужи вистински спокој (сп: Мудр. Сир. 51, 33), зашто <н# сакаше сите" и особено не пропушташе да Го прославува Бога (сп. Мудр. Сир. 51, 37).
 Почитувани родители,
 На вас, и овде на гробот на Тоше, ќе ви речам од името на сите - не е случајно и без промисла што токму вам Бог ви го даде да го имате; ви благодариме за родителската грижа, за човечноста што ја имате и што му ја всадивте; за побожноста што, имајќи ја вие, му ја пренесовте и нему!
- Човек може да учи од многу учители, но најмногу научува од родителите! Домашното училиште е најпрво и најголемо! Вам, на неговите родители, ви припаѓаат најголемите заслуги за човекољубието и богољубието кај Тоше. Само родители како вас можеа да ги повторат зборовите на праведниот Јов: <Господ ни го даде, Господ ни го зеде... Нека е благословено името Господово!" (Јов 1, 21).
 Да се помолиме сега и да Го молиме Господа, Праведниот Судија, да ја насели неговата душа меѓу праведниците! Нека му е вечен споменот! Бог да го прости!

 

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная