Промоција на книгата „МАШКО ПИСМО“ од авторот Никола Костески се одржа на 22. 11. 2007 година, во книжарницата ИЛИ-ИЛИ (Мала станица) во Скопје. Книгата излезе во издание на книгоиздателството „Ѓурѓа“ и книзарницата ИЛИ-ИЛИ. Воведен збор имаше г-дин Славко Нинов, а промотор беше портпаролот на Валадата на Р.М. г-дин Ивица Боцевски.
Авторот:
„Наскоро, драги мои, ќе измине една година откако започнав на блогов да му посветувам по неколку часа во текот на неделата. Малку по малку, бројот на содржините што му ги понудив на читателот се зголеми, а во моментов, тоа се текстови составени од околу три милиони карактери.
Бавно се уверував во целисходноста на мојата блог-авантура, сметајќи дека тоа е последица на возраста и скепсата што си оди рака под рака со неа. Настаните драматично ме демантираа: мојот блог ми стана најдобрата одбрана против заморот од обврските и против споулавеното секојдневие.
Дури, напати, го почувствував и вкусот на предозираност, но и силата на самоконтролата: никогаш да не се претерува. Секогаш да остане нешто што ќе се посакува. Ете, тоа нешто беше МАШКОТО ПИСМО, книга-блог. Или, обратно. Кој како милува.
Значи, да не беше блогот не ќе имаше МАШКО ПИСМО!
Всушност, МАШКО ПИСМО е збирка од дваесетина текстови објавени на мојот блог ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ, проследени со избор од коментарите што читателите, вообичаено, ги оставаат под текстот.“
Честитки до Никола Костески, одамна е мој фаворит!
Од уредникот на ПреминПортал
Посети:{moshits}