Поздравно слово на Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски
ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС
Почитувани студенти, драги колеги,
Ми се даде честа, денес да богослужам и да бидам со вас, заеднички да ја споделиме радоста поради почетокот на новата академска година. Дозволете ми, од мое лично име и од името на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, да ве поздравам и да ви посакам срдечно добредојде при официјалниот почеток на вашите студии при овој Факултет и да ви посакам успешен старт на теолошките студии во новата 2010-2011 студиска година.
Вашата определба да студирате богословски студии, значи ваше вклучување во академската средина каде што се создава и развива знаење, наука, духовна култура, но и современа теолошка мисла, како драгоцени вредности во животот, воопшто.
Денес, Православниот богословски факултет во Скопје ја живее својата полна зрелост и е во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како придружна членка. Тоа значи дека процесот на реформи во новите процеси на европска интеграција за кои се определи високото образование во Република Македонија, веќе важат и за нашиот Богословски факултет. Ни претстои интензивирање на промените во високото образование. Се разбира, Богословскиот факултет не отстапува од својата посебност во организационата поставеност и во наставната програма, којашто е во согласност со учењето на Македонската правславна црква и Православната Икумена.
Во таа смисла, комбинирањето на ефикасноста, адаптираноста кон Еропскиот Кедит Трансвер Систем и посебноста треба да претставуваат основна сила во неговиот развој, во доследното реализирање на неговата мисија и визија.
Драги студенти,
Негувајќи ја тадицијата и годинава новата академска година ја започнуваме со Литургија и со молитвословието „Призив на Светиот Дух“. Се милевме Господ Бог да ви дарува дух на премудрост и дух на разум. Се молевме да ви се отворат умот и устата за да ви се просветат срцата, та лесно да го примите учењето што ви се предава.
Ни претстои, во рамките на процесите на интеграција, по вторпат со УКИМ да учествуваме во заедничко одбележување на првиот академски час, каде што на едно место свечено ќе го објавиме почетокот на новата студиска година со сите новозапишани студенти и со сите декани на факултетите на нашиот Универзитет.