Скопје, 103 септември 2010 год- храмот на св.Петка
На 3 септември 2010 година, во 15-ттата недела по Педесетница, на празникот на Светиот апостол Тадеј; Светата маченичка Васса; Преподобен Аврамиј Смоленски , во храмот посветен на св.Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 14)
Рече Господ: „Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие; но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“ Тоа го рече, оти велеа: „Нечист дух е во Него.“ И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. А околу Него седеше народ. И Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“ А Он им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка, или кои се браќата Мои?“ Па, како ги погледна оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
Лето Господово 2010