Со благослов на неговото високопреосвештенство Петар, миторполит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиски и Ново Зеландски, и оваа година, традиционално, на 14-ти август се оддржа IV по ред Православно-Младински семинар на тема „Теологија и историја на иконите“, организиран од MOYA, на кој присуствуваат млади од Мелбурн и Сиднеј. Семинарот започна со Архиерејска Литургија во утринските часови, на која чиноначалствуваше митрополитот Петар.
Потоа активностите продолжија во рамките на Неделата на Културно наследство во организација на општината Витлси. Најпрво збор му беше даден на владиката, а потоа и на Спикерот на Федералниот Парламент на Австралија, Хери Џенкинс, и на градоначалничката на Витлси, Мери Лалиос. На настанот присуствуваше и Претседателот на Македоската Заедница во Викторија, г-дин Горан Торбаков. Отец Гаврил, со помош на своите ученици, младите зографи, кои неодамна го завршија повеќемесечниот курс по иконопис, изврши неколкучасовна практична презентација на техниката на цртање на една икона, во која беа опфатени сите делови чекор по чекор, додека, пак, владиката Петар се осврна на теологијата на иконата, задржувајќи се на изобразбата на Света Троица.
По завршувањето на оваа презентација, која беше посетена не само од македонците во Викторија, туку и од останатите граѓани на Мелбурн, во манастирот на св. Прохор Пчински беше отслужена вечерна богослужба. Потоа следуваше теоретскиот дел, односно, поглобално изнесување на теологијата на иконата од страна на отец Гаврил, и историја за иконописот, проследена со сликовита презентација, која заврши во подоцнежните вечерни часови.
IV MOYA Seminar
This year, traditionally, with the blessing of His Eminence Peter, metropolitan of Prespa and Pelagonia and Administrator of Australia and New Zealand, on 14 August was held the IV MOYA Seminar. The topic of the seminar was “Theology and history of the icons”, and it was organised by MOYA. The event was attended by orthodox youth from Melbourne and Sydney. The seminar started with Holy Divine Liturgy leaded by bishop Peter.
Afterwards the activities continued in the Thomastown library on the event for Cultural Heritage Week organised by the Whittlesea community. The attendances gave an attention to the word of the bishop Peter, the Speaker of the Australian Federal Parliament Mr. Harry Jenkins and the Mayor of Whittlesea Ms Mary Lalios. The President of the Macedonian Community in Victoria was present, as well. Father Gavril, with help of his students, the young iconographers, who finished the few months course for icon painting, has a presentation of the technique of painting icon, step by step. The bishop Peter has explained the theology of the icon, having the audience’s attention on the icon of Holy Trinity.
After this presenation, whish was visited not only from the Macedonians, but from the other citizens of Melbourne, as well, in the monastery of St. Prohor Pchinski was served a vespers. Next on the way was the theoretical part. Father Gavril explained the theology of the icon in general, and with slide show presentation was explained the history of the icons.
Извор: http://www.stprohor.org.au/index.php/2010/08/22/iv-moya-seminar/#more-2877