Крушево, Божествена Литургија (24.11.2007)

toshe9.jpg
Денес, во црквата на Пресвета Богородица во Крушево, за покој на душата на чедото Божјо Тодор, Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар и Епископот хераклејски г. Климент. Потоа, беше отслужен и парастос на гробот на Тоше Проески.

toshe10.jpg

toshe11.jpg

„Се молевме 40 дена за покој на неговата душа, 40 Божествени Литургии се служеа за Тоше, затоа што тој го заслужи тоа“, изјави г. Петар, Митрополит преспанско-пелагониски.

 


toshe12.jpg

 


toshe13.jpg

Ова што се случуваше во изминатите 40 дена меѓу сите генерации на Балканот, па и пошироко, е потврда за тоа кој беше и особено каков беше Тоше. Од моментот кога се слушна трагичната вест и во сите овие 40 дена во солзи и воздишки по Тоше е цела Македонија“, рече во беседата, поглаварот г. г. Стефан.

Тој истакна дека смртта на Тоше внесе неизмерна тага и жал во душите на илјадници почитувачи на неговиот глас и на неговите добрини.

„За жал требаше да се случи тоа што се случи за да разбереме кого сме имале, а Тоше беше редок и исклучителен човек, кој ги освои луѓето и со гласот и со својата човечност“, рече поглаварот на Македонската Православна Црква.


 Почит на трагично загинатиот Тоше Проески денеска му оддадоа членови на неговото семејство, роднини и илјадници граѓани од цела Македонија, како и голем број на негови почитувачи од странство.Семејството на Тоше, во консултации со Македонската Православна Црква, ќе одлучи за идното решение за неговото вечно почивалиште.
извор: МПЦ
фото: А1
Посети:{moshits}