Со света архиерејска Литургија во соборниот храм св. Климент Охридски, во Скопје, беше одбележан празникот Преображение Господово. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан во сослужение со умировениот епископ г. Горазд и бројно свештенство од скопската епархија. После завршената света Литургија се освети приложеното грозје.
Молитва за благословување на грозје (овошје):
Боже, Спасителу наш, Кој благоволи да Го наречеш лозје Единородниот Твој Син, Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, и преку Него ни го дарува Плодот на бесмртноста, Самиот Ти, и сега благослови го овој лозов пллод, и нас - Твоите слуги, кои вкусуваме од него, направи нè причесници Твоето вистинско лозје; запази го неоштетен нашиот живот, и дарувај ни секогаш мир; животот наш украси го со Твоите вечни и неисцрпни дарови, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, и на сите Твои светии кои од памтивек Ти угодиле, зашто си добар и Човекољубев Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на беспочетниот Твој Отец, со Единородниот Твој Син, и со благиот и животворен Твој Дух, сега и секогаш, и во веки веков. Амин.
Внимавај: Ако некој од браќата јаде грозје пред овој празник, да добие епитимија, и да не јаде грозје през целиот месец Август, бидејќи го презрел пропишаниот типик (правило, устав); на тој начин да привикнат и другите да го почитуваат типикот на светите отци.
Оваа забрана се однесува и на браќата кои ги чуваат лозјата.
По овој празник, на браќата им се предлага грозје трипати во седмицата, односно во понеделник, во среда и во петок.
Овој типик важи и за смоквите, како и за другото овошје, јасно, зависно од времето кое кога созрева.
извор: ИЗБОР НА МЕСЕЧНИ И ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ - втор том (фебруари - август).