Во ранохристијанската црква, за смртта се користел изразот раѓање за нов живот. Смртта била сфаќана не како крај и конечен пораз, туку како почеток. Животот се сметал за вознесување кон вечноста, а смртта, дверите коишто се влез во вечноста. Затоа раните христијани имале обичај многу често да се обраќаат еден на друг со зборовите: „сеќавај се на смртта“...
Помислете си, на што би личел секој миг од нашиот живот, кога би биле свесни дека тој може да ни биде и последен, дека ни е даден заради достигнување на еден вид совршенство, дека зборовите што во овој момент ги кажуваме се нашите последни зборови, и дека заради тоа би требало да ја изразуваат сета убавина, сета мудрост, сето знаење, и несомнено, сета љубов на која сме се научиле во овој живот, без оглед краток или долг. Нашето живеење би имало сила и длабочина што на друг начин не би можеле да ги постигнеме. Ние едвај сме свесни за тоа што претставува нашиот сегашен миг. Се движиме од минатото кон иднината, без воопшто да го проживуваме мигот на сегашноста.
(Митрополит Антониј Блум)
Крушево, 24 ноември (МИА) - Во Крушево се одбележа 40 дневниот помен за македонската ѕвезда Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка во Хрватска.
Со Литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Крушево чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.
На гробот на Проески тагата со неговото семејството, ја споделија огромен број негови пријатели, негови колеги од и надвор од нашата држава, балкански медиуми, негови обожаватели, а присутни беа и владини претставници.
„Тага, солзи и молитва за душата на Тоше Проески. 40 дена по смртта, во Крушево неговите родители, роднини и пријатели дојдоа на поменот за Тоше.“
Посети:{moshits}