На самиот почеток на Успенскиот пост, во рускиот Богородичен Храм „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго, беше одбележан Празникот „Први Спас“ со изнесување на Честниот Крст. Празнувањата започнаа во петокот вечерта, кога се отслужи Бдение, при што веднаш по Великото Славословие торжествено беше изнесен на средината на Црквата Честниот Крст украсен со свежи, миризливи цветови. Со Бдението чининачствуваше владиката Кливландски Петар. Потоа верниците коленопреклоно му се поклонуваа на Чесното Дрво и беа помазувани со свето масло, додека хорот пееше стихири на Чесниот Крст.
Во Саботата свештеникот Валериј отслужи Света Божествена Литургија, на која мноштво народ (мнозинството дечиња!) се причести со Светите Христови Тајни, а пред самиот крај на Литургијата, владика Петар, во сослужение со пророереј Андреј изврши чин на Водоосветување. По завршувањето на Литургијата, верниците имаа уште една прилика да му се поклонат на Чесниот Крст, кој потоа свечено беше вратен во Олтарот. Потоа секој беше оросуван со осветената вода, а дечињата први потрчаа да си налеат од водата и за во своите домови!
MPC "Sv. Paraskeva - Petka"
2056 N Kedzie Ave
Chicago, IL 60647
www.mpc-svpetka.com