markov.sv.Zlata1.jpg

 Седмица 13-та по Педесетница

  bogorodica.k.dol.jpg

 

ВТОРНИК


Избра  дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони (Мк.3,14-15). И секој Христијанин е избран да прави слични дела: да биде со Господ, сеќаваќи се на Него и Неговата  сеприсатност, да проповеда и да ги исполнува Неговите заповеди и да е спремен да ја исповеда својата  вера во Него.Таквото исповедање за слушателите во кругот каде се врши ќе биде громогласна проповед. Секој Христијанин има власт, да исцелува болести, иако не туѓите, туку сопствените, и не телесните туку душевните – гревови и гревовните навики. Тој има власт да ги изгонува демоните, одбивајќи ги  злите помисали кои тие ги сеат и страсните побуди кои тие ги распламтуваат. Прави така и ќе бидеш  апостол и исполнител на она на што Господ те избрал, и дејствител на своето посланство. Ако успееш најпрвин  во сето тоа, Господ може да те повика на посебно  посланство – да ги спасуваш другите, бидеќи да ти и  самиот си тргнал на патот на спасението, и можеш да им помагаш на искушуваните, бидејќи самиот си ги поминал сите искушувања и си стекнал опит во добро и во зло. Твојата работа е да се трудиш над себе си-  за тоа си веќе избран. Останатот е во рацете Божји. Смирениот се возвишува.

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

 Друго: sv.Mladenci7Efes.jpgОд Верскиот календар на МПЦ (17.08.2010)

 

Предговор


 
Друго:     bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА